Posts

Image
РЕЦЕНЗИЈА : VICHY NORMADERM BB clear  крема за лице за мешовита до масна кожа на лице Секогаш кога на полиците од аптеката во мојот град здогледувам некоја медицинска течна пудра или ББ крема за мешовита до масна кожа, која е подложна на неправилности, како акни, црвенило итн, посегнувам да ја купам, со надеж дека можеби таа е магичното стапче за мојата многу намачена кожа, што го барам со години. ББ кремите се нешто што навистина го сакам, посебно како дел од дневната рутина, кога сакам со што помал број на производи да постигнам ефект на прекриеност и нега истовремено. Во 2015 година, ми се чини, познатиот бренд VICHY ја исфрли во продажба оваа крема, која произведувачот тврди дека матира, истовремено хидрира, го изедначува тенот и ги намалува неправилностите на кожата. Таа доаѓа во две нијанси: LIGHT и MEDIUM, во количество од 40 ml, во мека зелена амбалажа, која ќе ви помогне во тоа да производот го потрошите до крај, со тенок врв за истиснување, кој служи за контр